Царинска управа

Запленети тутунски производи без акциза вредни над 1,8 милиони денари

29.01.2026 19:55

Со акцијата е спречен обид за нелегална трговија на акцизна стока, за која е избегнато плаќање акциза во износ од 509 илјади денари...

При извршена акција на мобилни царински тимови и царински службеници од Царинарница Битола, во малопродажен објект во Струга е запленета поголема количина тутунски производи без акцизни марки, со вредност од над 1,8 милиони денари, соопштија од Царинската управа.

При контролата пронајдени се 1.027 кутии цигари, 1.387 електронски цигари (вејпови), 530 парчиња цигарилоси, 503 пакувања тутун за наргиле, 77 пури и 19 пакувања тутун за пушење, сите без акцизни маркички.

Со акцијата е спречен обид за нелегална трговија на акцизна стока, за која е избегнато плаќање акциза во износ од 509 илјади денари. Против сторителите е поведена соодветна постапка.