ОЈО Прилеп

Обвинение за злоупотребите во прилепската болницата

29.01.2026 16:20

Прилепското обвинителство поднесе Обвинителен акт за случајот со злоупотребите во болницата. Обвинети се 8 физички и едно правно лице за продолжени кривични дела – „Проневера во службата“ и „Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“.

Проневера во службата, Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство, наведе прилепското Обвинителство во обвинителниот акт поднесен против 8 физички и едно правно лице за случајот со злоупотребите во прилепската болница.

За проневера се обвинети поранешната директорка и уште тројца вработени кои од 2022 до 2024 година присвоиле пари од болницата во износ од преку 9 милиони и 600.000 денари и од парите од партиципацијата им исплаќале на физички лица. За злоупотребите, пак, при постапка за јавен повик се обвинети директорката и член на обезбедувањето, управител и двајца сопственици на фирми.

Поранешната директорка се товари и за злоупотреба на службената положба. Од контото за храна во болницата, плаќала во угостителски објекти.

Елизабета Митреска