Свет

Стратешко приближување на Велика Британија и Кина

29.01.2026 18:02

Лондон и Пекинг отвораат ново поглавје во односите. Британскиот премиер Стармер, во прва официјална посета на Кина по осум години, се сретна со претседателот Џинпинг и најави напредок во трговијата, безбедносните прашања и безвизниот режим.

По години тензии и заладени односи, Лондон и Пекинг вртат нова страница. Во време на глобална неизвесност и американски царини, Велика Британија и Кина најавија стратешко приближување, со напредок во трговијата, безбедноста и договор за гранична соработка. По средбата со претседателот Шји Џјинпинг, британскиот премиер Кир Стармер порача дека односите се на силна позиција и дека Кина останува клучен глобален актер.

„Постигнавме навистина добар напредок околу царините за виски, за безвизен режим со Кина и за размена на информации и соработка околу нерегуларната миграција, со посебен фокус на мали чамци и нивните моториТоа се три области, но се примери за многу пошироко отворање на пристап за бизнисотНавистина конструктивна средба со реални резултати, и тоа е во нашиот национален интерес“, изјави Кир Стармер, премиер на Обединетото Кралство.

„Во последниве години, имаше пресврти во односите кои не се во интерес на двете земјиКина и Обединетото Кралство мора да го зајакнат дијалогот и соработката, без разлика дали за одржување на светскиот мир и стабилност или за унапредување на економиите и условите за живот на двете земји“, нагласи Си Џинпинг, претседател на Кина.

Пекинг призна дека постојат тешкотии што ќе мора да се надминат, но порача дека одржлива и сеопфатна соработка може да отвори ново поглавје ако се почитуваат заедничките интереси.

„Лидерите на двете земји се согласија дека Кина и Велика Британија треба да развијат долгорочно, стабилно, сеопфатно стратешко партнерство“, рече Гуо Џиакун, портпарол на министерството за надворешни работи на Кина.

Иако Трамп изрази незадоволство од посетата на канадскиот премиер Карни на Пекинг, Стармер ги отфрли стравувањата дека поблиските врски со Кина би ја нарушиле соработката со Вашингтон.

Бојана Крстевски