Финансиска полиција поднесе кривична пријава против Бислимоски
Финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје, против претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Бислимовски. Осомничен е за злоупотреба на службената положба и овластување.

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје, против претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Бислимовски. Осомничен е за злоупотреба на службената положба и овластување.
Според пријавата, незаконски ја прекинал постапката за одземање лиценца на компанијата „Тритерол петрол“ и ѝ овозможил да продолжи со работа уште 15 месеци, иако не ги исполнувала законските услови.
Со тоа, фирмата учествувала на јавни набавки и остварила промет од над 194 милиони денари, стекнувајќи противправна корист од повеќе од 14 милиони денари, соопшти финансиската полиција.
Истрагата е во надлежност на скопското обвинителство.
