Собрание

Гаши: Дијалог за техничката влада и за Изборниот законик

29.01.2026 13:16

Спикерот Гаши одржа брифинг за медиумите. За укинувањето на техничката влада, вели, најдобро е сите да се договориме. Најави формирање на работни групи за измени на Изборниот законик.

Во Собранието, вообичаено секој последен четврток во месецот седница за поставување пратенички прашања. Претходно, спикерот Гаши одржа брифинг за медиумите.

За укинувањето на техничката влада најдобро е сите да се договориме, но ако тврдоглаво се стои зад одреден став, тоа треба да се аргументира, изјави претседателот на Собранието.

Гаши најави формирање на работни групи за измени на Изборниот законик. Тој очекува измените на законското решение за Влада брзо да пристигнат во законодавниот дом.

Од законодавниот дом известува Миле А. Ристески