Мрачни прогнози за економската иднина, Грците најголеми песимисти!
Најголемите песимисти, членки на Европската Унија. Најпесимисти се Грците. Дури 53 насто предвидуваат дека ќе се влошат економските услови во наредниве 12 месеци...

Шест години од почетокот на големата рецесија за време на невоедначеното глобално економско заздравување, луѓето на планетава се колебаат околу економските иднини. Во анкетите спроведени во 44 земји од истражувачки центар ПЈУ, 46 насто од испитаниците очекувааат економијата да напредува. Но, ист процент смета дека условите ќе бидат исти или уште полоши.
Најголемите песимисти, членки на Европската Унија. Најпесимисти се Грците. Дури 53 насто предвидуваат дека ќе се влошат економските услови во наредниве 12 месеци. Меѓу сите испитани 26 насто Грци, оценуваат дека економијата ќе остане иста, како во 2013 со пад на БДП од -3,9 насто што внесува недоверба.
Грција
53 % влошување на економијата
26 % непроменета економија
48 насто од анкетираните Французи сметаат дека нивната економија ќе назадува, исто како Либанците и Палестинците. Во клубот песимисти за сопствена економска иднина е и Аргентина, но, и Италија од каде што доаѓа новата шефица на европската дипломатија и безбедност Могерини.
Песимисти за економијата
Грција 53%
Франција 48%
Либан 46 %
Палестина 44%
Аргентина 37%
Италија 36%
Оптимисти за економијата се земјите од азиско- пацифичкиот регион. Во клубот оптимисти со најрозови гледишта се Кинезите,од кои 80 насто сметаат дека економијата ќе се подобрува во наредниве 12 месеци. Следувааат Перуанците, Виетнамците, Сенегалците , Нигеријците, Индијците и Колумбијците.
Оптимисти за економијата
Кина 80%
Перу 77%
Виетнам 74%
Сенегал 73%
Нигерија 72%
Индија 71%
Колумбија 70%
ММФ очекува помало поместување на овие економии наредната година. Најголеми очекувања има кај Индија , каде што ММФ предвидува забрзување на економијата од 5,4 годинава, до 6,4 насто во 2015-тата. За Кина монетарците предвидуваат побавен раст , но сепак 7,4 во 2014-та и 7,1 насто од БДП наредната година.
Американските испитаници се поделени. 35 насто сметаат дека економијата ќе напредува, 33 настопредвидуваат дека ќе остане иста, а 30 насто нејзино влошување, се вели во извештајот.
САД
35 % напредок на економијата
33% непроменета економија
30% влошување на економијата
Наташа Гркова-Петрушевска
