Правда
Судиите избираат член на Судскиот совет
29.01.2026 13:25
Судиите денеска на непосредни избори гласаат за нов член на судскиот совет од редот на судиите припадници на заедницата која е повеќе од 20 проценти од населението...

Судиите денеска на непосредни избори гласаат за нов член на судскиот совет од редот на судиите припадници на заедницата која е повеќе од 20 проценти од населението. Право на глас имаат сите 418 судии запишани во судскиот изборен именик. Гласањето почна во 8 часот и ќе трае до 15 часот, по што на јавна седница ќе се објавуваат резултатите.
Игор Панов известува.
