Расте оптимизмот кај австриските инвеститори

10.09.2014 15:28

Повеќе од 45 компании со австриски капитал се изјасниле дека досегашниот развој на Македонија во привлекувањето на странски инвестиции, оди во нагорна линија. Компаниите одлично ги оцениле квалитетот на работната сила и на локалните добавувачи и соработката со царината.

Австриските компании кои водат бизнис во Македонија се задоволни од деловниот амбиент. Половината од нив кои инвестирале во земјава очекуваат нови зделки и нови вработувања. Ваквите оценки  се дел од истражувањето кое го спроведе Австриската амбасада. Менаџерите сметаат дека кондицијата на австриските компании се во добра кондиција, сепак имаат забелешки за бирократски проблеми.

„Најголем дел од фирмите се мали фирми, но исто така имаме фирми коишто вработуваат повеќе од педесет, па дури и повеќе од сто луѓе. Тоа би значело дека некаде помеѓу 5 до 6 илјади вработени има во австриските фирми коишто работа во Македонија. Австриските фирми директно или индиректно прилично добро ја поттикнуваат македонската економија и се многу значае фактор“, рече Герхард Шлатл од трговското одделение на Aвстриската амбасада.

Во анкетата повеќе од 45 компании со австриски капитал, се изјасниле дека досегашниот развој на Македонија во привлекувањето на странски инвестиции, оди во нагорна линија. Компаниите одлично ги оцениле квалитетот на работната сила и на локалните добавувачи и соработката со царината.

Австриските компании сметат дека платежниот морал и корупцијата се клучниот фактор на кој треба да се работи, најзадоволни се од човечките ресурси.

Според официјалната статистика вкупниот износ на австриските директни инвестиции  во 2014 тата   изнесува 437 милиони евра.Австрија е еден од најголемите инвеститори и се наоѓа на третото место  по Холандија и Грција.

Дијана Ценевска