Реакции по работничкиот протест на ССМ
По реакциите од власта дека претседателот на ССМ не сакал да го потпише новиот колективен договор кој предвидувал зголемување на платите за 40 насто во следните две години, синдикалците велат таква понуда немало. Работодавачите пак со став – нема економска основа за покачување на платите.

ССМ одби 40 насто зголемување на платите во следните две години на штета на работниците истакна премиерот Мицкоски одговарајќи на пратенички прашања по протестот за поголеми плати. Тој вели дека го поддржува секој работник во борбата за поголема плата, а тоа и го докажале со зголемувањето на платите во образованието, здравството, МВР, центрите за социјални работи.
Таква понуда немало-категорични од ССМ. Велат, би потпишале нов договор, но не би го поништиле колективниот. Црвената линија 600 евра.
Работодавачите пак велат дека нема економска основа за зголемување на платите. Според нив синдикалците изразуваат желби и не се подготвени за компромис, ниту имаат слух за нивните проблеми. Се повикуваат на европските препораки минималната плата да биде околу 50 насто од просечната.
СДСМ ќе поднесе предлог за ново законско решение според кое минималецот би бил 600 евра и би се замрзнале платите на функционерите. Негираат поврзаност со протестот на ССМ.
Протестите ќе продолжат, а не се исклучува ниту генерален штрајк велат од ССМ, доколку не се исполнат барањата пред законското зголемување на минималецот.
Александра Велинова
