Собрание

Реџепи: Македонија треба да ги направи уставните измени за да се откочи евроинтегративниот процес

29.01.2026 17:00

Во Собранието, вообичаено секој последен четврток во месецот седница за поставување пратенички прашања...

Пратеникот Скендер Реџепи смета дека Македонија треба да ги направи уставните измени за да се откочи евроинтегративниот процес. Предложи да се донесе резолуција, со која, како што рече, ќе биде заштитен македонскиот јазик.

Премиерот Мицкоски уште еднаш порача дека нема да има уставни измени сè додека не бидат, како што истакна, исполнети најмалку два услова-загарантирани права за македонската заедница во Бугарија и гаранција од Европскиот совет за македонскиот народ и држава дека тоа ќе биде последната отстапка и дека веќе нема да има нови билатерални вета и опструкции од субјективни причини.

Шефот на Владата од собраниската говорница побара поддршка од сите политички субјекти, повикувајќи ги пратениците да донесат заедничка резолуција со единствен, државнички став.

Никогаш нема да дозволам да се загрози безбедноста во ниту еден град во Македонија со поставување, разрешување, додавање, одземање или какви било друго реорганизирање на внатрешните структури на МВР, одговори министерот за внатрешни на пратеничко прашање. Според Тошковски, во изминатите речиси две години, безбедноста на граѓаните е многу подобрена и дека сè уште од МВР до Владата не е доставена нова систематизација.

Од СДСМ со забелешка до дел од владините министри за редовно присуство на пленарките за пратенички прашања. Сметаат дека е недозволиво извршната власт да го уредува начинот на работа на народните избраници.

 

Милчо Велески