Превозници

Се повлекуваат блокадите на граничните премини

29.01.2026 16:59

Повлекувањето од блокадите значи дека по речиси четиридневен застој ќе се нормализира товарниот сообраќај на граничните премини „Деве Баир“, „Делчево“, „Ново Село“, „Дојран“, „Богородица“, „Меџитлија“, „Ќафасан“, „Блаце“, „Блато“ и „Стење“...

Македонските превозници вечерва во 20 часот ќе се повлечат од блокадите на товарниот дел од граничните премини, одлучи попладнево на состанок Асоцијацијата Макам-транс, откако Европската комисија одлучи да донесе нова стратегија за визи која треба да даде решение на проблемот со кој се соочија професионалните возачи за престојот од 90 дена во рамки на 180-дневниот период дозволен престој во шенген-зоната.

Повлекувањето од блокадите значи дека по речиси четиридневен застој ќе се нормализира товарниот сообраќај на граничните премини „Деве Баир“, „Делчево“, „Ново Село“, „Дојран“, „Богородица“, „Меџитлија“, „Ќафасан“, „Блаце“, „Блато“ и „Стење“.

„Макам-транс“ во објава на Фејсбук наведе дека се повлекуваат од блокадите, бидејќи со одлуката на ЕУ е добиена потврдата која ја очекувале за промени и се заблагодари на сите кои „неуморно во изминатите денови ја дадоа својата поддршка и солидарност со блокадата на граничните премини“.