Одлука

Македонските превозници се повлекоа од блокадите

30.01.2026 08:13

По четири дена застој, прекуграничниот товарен транспорт полека се нормализира. Македонските превозници се повлекоа од блокадите. Брисел најави со новата стратегија за визи ќе има и решение на правилата за престој во шенген-зоната за професионалните возачи. Во вторник министрите од Западен Балкан ќе бараат решение...

Одлуката падна на состанок на таканаречениот кризен штаб на асоцијацијата Макам-транс“, откако Европската комисија соопшти дека со новата стратегија за визи ќе има решение на проблемот со кој се соочија професионалните возачи за престојот во шенген-зоната.

Министрите за транспорт од земјите на Западен Балкан во вторник ќе одржат заедничка средба со претставници на Европската комисија за проблемите со кои се соочуваат превозниците при влез и престој во земјите на Европската унија. Од Европската комисија најавуваат ќе се разгледаат можни решенија за олеснување на работата на професионалните возачи, без да се нарушат постојните правила на ЕУ.

Транспортерите од земјава, Србија, Црна Гора и од Босна и Херцеговина ја почнаа блокадата на почетокот на неделава со барање да бидат изземени од новиот систем за контрола на влез и излез во ЕУ поради кој велат дека се соочуваат со економски штети и депортации.

 

Ана Јосифоска