Видал пак повреден

10.09.2014 15:59

Артуро Видал повторно се повреди и најверојатно нема да игра за Јувентус на наредниот натпревар од италијското првенство против Удинезе. Чилеанецот одигра еден од двата пријателски меча за својата репрезентација во термините на ФИФА, а откако се врати во Торино се пожали на билки во мускулот. Лекарскиот тим на калчо шампионот треба да процени дали Видал ќе биде подготвен за премиерниот дуел од сезонската Лига на шампиони на домашен терен против Малме, но и за дербито со Јувентус во Серија А закажано за 20-ти септември.

Видал имаше потешка повреда на коленото, но ја санираше и тренерот Масимилијано Алегри од него очекуваше да биде во врвна форма и да му биде на располагање во оваа фаза од сезоната. Сепак, и стратегот, а и навивачите сега повторно стравуваат за здравствената состојба на Видал.