Руско - украински конфликт

Зеленски му се заблагодари на Трамп за заштитата на украинските градови

30.01.2026 13:52

Украинскиот претседател им се заблагодари на САД за нивните напори да ги запрат нападите врз Киев и другите градови. Во врска со можноста за преговори за прекин на огнот, Зеленски рече дека комуницира со партнерите на Украина за ефикасни формати и неопходни резултати...

Украинскиот претседател им се заблагодари на САД за нивните напори да ги запрат нападите врз Киев и другите градови. Во врска со можноста за преговори за прекин на огнот, Зеленски рече дека комуницира со партнерите на Украина за ефикасни формати и неопходни резултати.

„Ви благодарам, Америка, за напорите да ги запрете нападите врз енергетските објекти. Се надеваме дека Соединетите Држави ќе можат да го остварат ова. Украина е подготвена за состаноци и за одлуки и очекуваме нашите партнери да можат да дејствуваат што е можно поефикасно“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Претходно Трамп изјави дека Путин се согласил да не извршува напади врз Украина седум дена поради екстремно ниските температури во регионот.

„Јас лично го замолив претседателот Путин да не го напаѓа Киев и други градови и места една недела, за време на овој екстремен студ – и тој се согласи да го стори тоа“, рече Трамп.

Украинското министерство за енергетика информира дека над 600.000 корисници останале без електрична енергија по руското гранатирање во Киев.