Војска на САД во состојба на готовност да ја спроведе секоја одлука на Трамп за Иран
Иран мора да биде подготвен за војна-категоричен одговор на потпретседателот на земјата, на заканите за американска воена интервенција. Војска на САД, пак, во состојба на готовност да ја спроведе секоја одлука што претседателот Трамп ќе ја донесе за Иран, за да се осигури дека Техеран нема да продолжи да развива нуклеарно оружје...

Иран мора да биде подготвен за војна-категоричен одговор на потпретседателот на земјата, на заканите за американска воена интервенција. Војска на САД, пак, во состојба на готовност да ја спроведе секоја одлука што претседателот Трамп ќе ја донесе за Иран, за да се осигури дека Техеран нема да продолжи да развива нуклеарно оружје.
„Имаме многу големи и моќни бродови што пловат кон Иран во моментов. И би било одлично ако не мора да ги користиме. На Иранците им кажав две работи. Прво, без нуклеарно оружје и второ, престанете да убивате демонстранти. Убиваат илјадници“, изјави американскиот претседател, Доналд Трамп.
Европската унија го прогласи иранскиот корпус на Исламската револуционерна гарда за терористичка организација поради бруталното задушување на протестите низ целата земја.
„Ова ја става гардата на исто рамниште со исламската држава, Ал Каеда и Хамас. Оние кои манифестираат терор, мора да се третираат како терористи“, порача Каја Калас, висок претставник на еу.
Генералштабот на иранските вооружени сили предупреди дека оваа одлука на ЕУ директно ќе влијае врз европските носители на одлуки.
