ОЈО ГОКК

Истрага за осомничените полицајци за случајот „Пулс“

30.01.2026 09:03

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција за денеска најави одговор за тоа дали е запрена истрагата за шестемина полицајци и началници осомничени во случајот „Пулс...

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција за денеска најави одговор за тоа дали е запрена истрагата за шестемина полицајци и началници осомничени во случајот „Пулс.

Засега нема ниту потврда, ниту демант, дали кај полициските службеници не е лоцирана одговорност за пожарот и дали е точно дека овие осомничени нема да се товарат за злоупотреба на службената положба, бидејќи нивните овластувања не биле поврзани со контрола на противпожарните мерки, туку за проверка на сообраќајната безбедност и паркинг-просторот на објектот.

Поранешниот државен обвинител Љупчо Коцевски најави дека истрагата за припадниците на МВР ќе заврши до декември, но досега нема официјално известување дека е донесена јавнообвинителска одлука.

За случајот „Пулс“ засега се обвинети 35 физички и 3 правни лица. Во почетокот на судскиот процес сите се изјаснија дека не се виновни за несреќата.