Саем за рурални домаќинства викендов во Скопје
Министерот Љутков денеска на прес-конференција ќе го најави Саемот за туризам – рурални домаќинства во Македонија, кој ќе се одржи викендов во Скопје. На настанот ќе се обратат и претставници од Земјоделскиот институт – Скопје, како и дипломатски претставници од Словенија и Швајцарија.

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска на прес-конференција ќе го најави Саемот за туризам – рурални домаќинства во Македонија, кој ќе се одржи викендов во Скопје. На настанот ќе се обратат и претставници од Земјоделскиот институт – Скопје, како и дипломатски претставници од Словенија и Швајцарија.
Саемот, кој ќе се одржи на 31 јануари и 1 февруари, ќе ги обедини најавтентичните рурални приказни од земјава, со акцент на развојот на руралниот туризам и поддршката на малите домаќинства и домашните производители.
Претставени ќе бидат целите, програмата и значењето на Саемот за туризам, со посебен акцент на развојот на руралниот туризам, поддршката на руралните домаќинства и домашните производители на органски производи, како и на меѓународната соработка во оваа област.
Посетителите ќе имаат можност да се запознаат со рурални домаќинства, семејни винарници, органски производи, локални деликатеси, вина и ракии, како и со богата програма наменета за сите љубители на автентични рурални доживувања.
