Бразил – Бугарија и Полска – САД со преноси на МРТ

10.09.2014 16:22

По дводневна пауза на Светското првенство во одбојка стартува втората групна фаза, во која место изборија 16 најдобри репрезентации поделени во две новоформирани групи. Денес на програмата се вкупно 8 натпревари, од кои половината се во 16.30 часот. Во “Е“ групата играат Аргентина – Франција и Србија – Италија, а во “Ф“ групата Бразил – Бугарија и Финска – Русија. Во 20.15 часот во “Е“ групата се среќааваат Австралија – Иран и Полска - САД, додека во “Ф“ групата ќе играат Куба – Канада и Германија – Кина.

Сите селекции ќе ја почнат втората групна фаза со освоените поени од претходната рунда, каде што најуспешни со по максимални 9 освоени бода се домаќинот Полска и актуелниот шампион Бразил.