Инвестиции

Tурската „Окси груп“ го сели производството во Битола

10.09.2014 16:25

Сопственикот на турската компанија за производство на лепенки „Окси груп“, Харун Безек денеска во Битола, го обиколи новиот погон каде што ќе го продолжи семејниот бизнис со традиција од над 40 години. Машините на компанијата веќе патуваат за Битола...

По 40 години работа во Турција семејната компанија се сели во Битола. Во овој погон се очекува до крајот на месецов да биде инсталирана целокупната тахнологија. Почетната инвестиција е над еден милион евра.

Во производниот процес кој ќе започне во текот на идниот месец ке бидат вклучени седудесетина лица. За една година бројката ќе достигне 100, а за неколку години ќе имаме 400 нововработени, вели турскиот инвеститор кој очекува поволните услови да му овозможат зголемено производство.

На годишно ниво во Турција призведувавме 25 милиони различни видови лепенки кои што ги извезувавме во 17 земји. Нашите сондажи велат дека овде производството ке го зголемиме, а ќе извезуваме во триесетина земји во светот“, вели сопственикот Харун Безек.

Во битолскиот погон ќе се произведуваат лепенки од гуми за велосипед како и други лепенки со најголем габарит. Безек вели дека ова е спцифичен бизнис но - не се плаши затоа што нивниот бренд бил препознатлив.

„Во светот има неколку компании што се занимаваат со ваква дејност. Засега според квалитетот сме на трето место, но со поволностите што ги добиваме тука очекувам да бидиме уште поконкурентни на светските пазари вели турскиот инвеститор“, нагласува Безек.

Оваа  е втора турска инвестиција во Битола. Амбасадорот Тасковски вели дека турските инвестиции ќе добијат на динамика.

„До крајот на годината во градот ќе дојдат уште две инвестиции кои ќе дадат свој придонес во раздвижувањето на економијата и намалување на невработеноста“,рече амбасадорот на РМ во Турција, Горан Тасковски.

Тасковски додава дека економските промотори во изминативе три години поставиле добра основа за нови инвестиции во наредните години.

 

Стевче Митревски