Поддршка за фармерот од струмичко кој во поплавите загуби стадо овци
Никола Колев од струмичко Костурино кој во неодамнешните поплави загуби околу 200 овци и јагниња ќе добие институционална, но и поддршка од Сојузот на одгледувачи овци и општествено одговорни компании. Вака најави министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски, кој денеска ja посети поплавената штала...

Семејството Накови од струмичко Костурино чие стадо со овци беше однесено во завчерашните поплави, ќе добие и институционална и поддршка од овчарите и општествено одговорни компании. Вака најави министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски, кој денеска беше во посета на Шапово каде настрадаа овците и јагнињата.
Речиси два метра била надојдената вода. 31-годишниот Никола Колев со најблиските се обидел да го спаси стадото оти овчарството му е основен извор на егзистенција. Штетите се огромни, вели тој.
Апел за помош упати и Сојузот на одгледувачи на овци. Претседателот Насер Џемаили побара овчарите да донираат јагниња и овци на Никола за да си го поврати сточниот фонд.
Ване Трајков
