Евроинтеграции

Средба Сали- Прескер

30.01.2026 18:00

За време на средбата, како што соопштуваат од кабинетот на министерот, беше реафирмирана континуираната поддршка на Република Словенија за Република Северна Македонија во процесот на европска интеграција.

Заменик-претседателот на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска оствари средба со амбасадорот на Република Словенија, Грегор Прескер.

За време на средбата, како што соопштуваат од кабинетот на министерот, беше реафирмирана континуираната поддршка на Република Словенија за Република Северна Македонија во процесот на европска интеграција.

Амбасадорот Прескер ја изрази целосната подготвеност на Амбасадата и на словенечката држава за продолжување на соработката и поддршката преку конкретни проекти.

Министерот Сали информираше за динамиката на реформите и ја истакна определбата на Владата за унапредување на евроинтегративната агенда, изразувајќи благодарност до Република Словенија за досегашната помош, стои во соопштението.