Нова визна стратегија

Товарниот транспорт постепено се нормализира

30.01.2026 16:20

По новата визна стратегија на Европската комисија за професионалните возачи во Шенген-зоната, македонските транспортери ги повлекоа камионите, останаа блокадите на границите со Србија и БиХ. Во Министерството за транспорт и врски денеска координација меѓу министерот Николоски и Асоцијацијата на транспортерите, пред најавениот состанок во вторник со европските претставници и Западен Балкан…

По новата визна стратегија на Европската комисија товарниот транспорт постепено се нормализира. Македонските превозници ги повлекоа блокадите, а премиерот уверува, македонската економијата е стабилна, решение ќе има до февруари.

Транспортерите се задоволни од постигнатиот позитивен резултат. Во Брисел велат, наскоро ќе се прецизираат конкретните решенија. Денеска координативен состанок во Министерството за транспорт и врски, пред најавениот со европските претставници на 6-ти февруари.

Босанските и српските транспортери го поздравуваат понуденото решение, но бараат да се прецизираат деталите пред да се тргнат камионите од терминалите. Европската комисија попушта под притисокот на камионџиите, потврдија дека се бараат „прагматични решенија“.

Дека возачите се прифатени како професионалци и се става крај на проблемот, објави и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски. Тој го објави документот од Брисел во кој пишува дека сите ставови се прифатени.

Следната недела итна средба со министрите од Западен Балкан каде ќе се допрецизираат активностите.

Српското стопанство пак, рече дека за само еден ден предизвикана е штета од околу 92 милиона евра. Блокадите беа почнати поради новиот систем за контрола на влез и излез во ЕУ.

Борис Грујоски