Три милијарди евра унгарските банкари мора да им вратат на граѓаните
Банките се сервис на граѓаните, а не нивна бесилка - остро им се обрати Орбан стравувајќи да не го начека грчката криза...

Револт кај унгарските банкари. Мора да им ги вратат парите на граѓаните за неоправдано наплатените камати по курсните промени. Унгарскиот премиер Орбан отвори војна со нив. Добија 90 дена на сите корисници на кредит во швајцарски франци да им ги дадат назад парите заработени од разликата во курсот и зголемените каматни стапки по скок на вредноста на валутата во годините на криза. Банките се сервис на граѓаните, а не нивна бесилка - остро им се обрати Орбан стравувајќи да не го начека грчката криза.
„Немам ништо против банките, ама тие нема повеке да газдуваат со државата и да ми направат криза како во Грција. Банките и големите компании кои уживаат монопол во Унгарија ке мора да се навикнат на новата ситуација. Навикнаа да бидат силни а социјалистичките влади им се поклонуваа поради нивната моќ. Сега ние сме посилни а тие треба да се прилагодат на нас“, дециден е Виктор Орбан, премиер на Унгарија.
Вицегувернерот на Унгарската банка Адам Балог проценува –новодонесениот закон ќе ги чини банките мегу две и три милијарди евра, пари што треба да им ги вратат на граѓаните. Мерката според експертите е популистичка, законот еден од најбруталните. Стотина илјади граѓани во 2009-тата земале кредити во швајцарски франци во криза кога маџарската форинта изгубила 60 насто од вредноста. Парите што ги инкасирале банките сега мора да им ги вратат на грагните.
Сузана Фиданска Стоевска
