партии

СДСМ денеска го поднесе Предлог – законот за зголемување на минималната плата на 600 евра

30.01.2026 19:51

Образложението кое е пратено во Собранието е дека има континуиран пораст на инфлацијата и на трошоците на живот...

Пратеничката група на СДСМ денеска го поднесе Предлог – законот за зголемување на минималната плата на 600 евра. Образложението кое е пратено во Собранието е дека има континуиран пораст на инфлацијата и на трошоците на живот. „Поскапувањата кај храната и основните животни намирници, како и растот на цените на електричната енергија, греењето и услугите, реално ја намалуваат куповната моќ на работниците, особено на оние кои примаат минимална плата“, велат од СДСМ.

Нивните пресметки покажале дека финансиските импликации од законот ќе изнесуваат 7,5 милијарди денари.