Економија

Градоначалникот на Кавадарци најави повторно активирање на поранешно „Фени“

30.01.2026 20:11

Тој вели дека компанијата „Голден Игл“ во првата фаза ќе врати на работа 170 работници, а во втората уште 500. Јанчев откри дека почетокот на производството на овој комбинат е планиран за почетокот на април...

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев најави повторно активирање на поранешно „Фени“. Тој вели дека компанијата „Голден Игл“ во првата фаза ќе врати на работа 170 работници, а во втората уште 500. Јанчев откри дека почетокот на производството на овој комбинат е планиран за почетокот на април.

Според него, ова ќе биде добро за граѓаните и за локалниот економски развој.