Ин Мемориам
Почина македонскиот поет, писател и преведувач Тихомир Јанчовски
30.01.2026 18:39
Друштвото на писателите на Македонија изрази длабока тага за прераното заминување на еден од најавтентичните современи македонски автори...

Денеска во Скопје на 58-годишна возраст почина поетот, писател, преведувач, професор и културен деец Тихомир Јанчовски. Веста за неговата смрт ја соопштија семејството и Друштвото на писателите на Македонија, кои изразија длабока тага за прераното заминување на еден од најавтентичните современи македонски автори.
Јанчовски во 2024 година одбележа 25 години творештво, во кое остави над триесет објавени книги, главно збирки поезија, но и романи, аудиокниги и дела поврзани со историјата, а во наследство остави и мноштво книжевни преводи.
