АМСМ

Магла на патот Свети Николе – Сарамзалино – Велес

31.01.2026 09:31

На останатите патни правци сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози...

Намалена видливост поради магла до 100 метри утрово има на патниот правец Свети Николе – Сарамзалино- Велес, информира АМСМ.

На останатите патни правци сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози поради што се препорачува внимателно возење особено низ клисурите.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.