Скопје

Протестен марш „Стоп за Усје“

31.01.2026 09:39

Граѓаните бараат мерни станици околу цементарницата „Усје“, за да можат сите во реално време да следат дали овој индустриски објект загадува.

Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ со марш низ улиците на Скопје точно напладне ќе го крене гласот против аерозагадувањето. Пред Владата е појдовната точка, потоа кон Собранието, па до Министерството за животна средина.

Граѓаните бараат мерни станици околу цементарницата „Усје“, за да можат сите во реално време да следат дали овој индустриски објект загадува.

Од „Титан-Усје“ реагираат дека повеќе од еден месец се цел на неосновани напади и дека тие не се причина за загадувањето и дека фактите го потврдуваат тоа.

Министерот за животна средина вели дека системски ќе се менува пристапот кон индустријата, со построги правила и понизок праг на емисии во урбаните средини.

„Усје“ во март ќе треба да поднесе барање за обнова на дозволата за работа и да се приспособи на новите критериуми што ќе важат од наредната година.

 

Фото: Стоп за Усје/ Facebook