САД-ИРАН

Трамп: Иран сака да постигне договор

31.01.2026 10:31

Иранскиот министер за надворешни работи, пак, изјави дека засега нема планирани разговори со САД, но додаде дека Техеран е отворен за преговори засновани на „меѓусебно почитување“ и доверба.

Американскиот претседател Трамп изјави дека Иран сака да постигне договор, а не да се соочи со воена акција и покрај инсистирањето на Техеран дека неговите ракетни и одбранбени системи никогаш нема да бидат предмет на преговори.

Иранскиот министер за надворешни работи, пак, изјави дека засега нема планирани разговори со САД, но додаде дека Техеран е отворен за преговори засновани на „меѓусебно почитување“ и доверба.

Иран инсистира дека неговата нуклеарна програма е целосно мирна и постојано ги отфрла обвинувањата од САД и нивните сојузници дека се обидува да развие нуклеарно оружје.