Граничниот премин Рафах повторно отворен
Преку Рафах ќе може да влегува и хуманитарна помош, но под засилен надзор и координација со безбедносните служби.

По месеци затворање и интензивни преговори, граничниот премин Рафах повторно се отвора, овозможувајќи ограничено движење на луѓе и хуманитарна помош од и кон Појасот Газа.
Ова е договорено меѓу Египет, Израел и меѓународни посредници, во услови на сериозна хуманитарна криза во енклавата. Првично ќе се дозволи излез на тешко повредени лица, пациенти што имаат потреба од итно лекување, како и ограничен број странски државјани.
Истовремено, преку Рафах ќе може да влегува и хуманитарна помош, но под засилен надзор и координација со безбедносните служби.
Отворањето доаѓа во момент кога притисокот од меѓународната заедница значително се зголеми, поради недостиг на медицинска помош, храна и можности за евакуација на цивили.
Од друга страна, израелските власти нагласуваат дека безбедносните проверки остануваат приоритет и дека секое проширување на режимот на преминот ќе зависи од ситуацијата на терен.
