Измени на кривичниот законик

Семејното насилство ќе се гони по службена должност

01.02.2026 13:23

Семејното насилство ќе се гони по службена должност. Кривичниот прогон на насилниците повеќе нема да зависи од жртвите. Собранието ги изгласа измените и дополнувањата на Кривичниот законик. Воведен е и нов член за заштита од родово базирано насилство на социјалните медиуми.

МВР лани интервенирало во над 1.200 пријави за семејно насилство. Во невладината ЕХО помош побарале 204 жртви, бројка двојно поголема од годините пред ковид пандемијата. Во некои семејства насилствата траат со години.

Со измените во Кривичниот законик насилниците кривично ќе се гонат и без самата жртва да поднесе пријава. Воведено е и ново кривично дело за злоупотреба на интимни снимки и материјали на социјалните медиуми за заштитата од родово-базирано насилство согласно Истанбулската конвенција.

Славица Величковска