Оптимизам за решението со извозот и транспортот
Прилепските стопанственици се оптимистични во решението за третманот на превозниците во земјите од Шенген-зоната. Од тоа зависи македонскиот извоз, но и придобивките за европските компании.

Засега нема никакви реперкусии и загуби за извозните прилепски компании со протестите на превозниците и правилата на ЕУ за нивен престој во земјите од шенген зоната. Фирмите беа подготвени да ги приспособат извозните активности, но доколку проблемите преминат 30 дена, тогаш сериозно ќе се чувствуваат загубите.
Од прилепската регионална стопанска комора се оптимисти во решавањето на статусот на транспортерите и го чекаат исходот од ЕУ.
И извозните фирми го делат оптимизмот во решението. Сметаат дека ваквата состојба е загуба и за европските фирми кои треба да ги добијат производите и суровините.
Извозот во прилепско ги опфаќа, меѓу другите, текстилната, прехранбената, мермерната индустрија и странските инвеститори.
Елизабета Митреска
