Европска комисија

Во новиот состав сепак комесар за проширување

10.09.2014 16:46

До последен момент неизвесно, Јункер сепак одлучи да го задржи комесаријатот за проширување на Европската Унија во својот нов тим на еврокомесари кој во наредните 5 години ке ја преставуваат неформалната Влада на Европската Унија. Наследникот на Штефан Филе е австрискиот политичар Јоханес Хан. Тимот ќе има седум потпретседатели, односно шест плус високата претставничка на Унијата за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини.

„Со одпочнување на новиот мандат на Комисијата имаме исклучителна можност, но и обврска да обезбедиме свеж почеток и да се зафатиме за работа најпрво за геополитичката ситуација, да го засилиме економското закрепнување и да изградиме обединета европа која ке ни обезбеди нови работни места и економски раст на своите грагани. Мислам дека го имам вистинскиот тим за тоа“, изјави новиот претседател на Европската комисија, Жан Клод Јункер.

Јункер потенцираше дека „Европската унија се наоѓа во еден од најчувствителните периоди од својата историја, и еден од најголемите предизвици е да се убедат европските граѓани дека ќе има промени“.

Марина Стојанова Тонева