Струмица

Загадената животна средина носи повеќе болести

31.01.2026 18:04

Пораст на белодробните заболувања и повеќе видови на канцер. Сето тоа е резултат и на загадениот воздух, почва, вода. Вака вели д-р Лазо Манев, специјалист радиолог во разговор за МТВ, кој побара превентивни прегледи, но поголем влог во здрава животна средина.

Штетни честички континуирано прима човечкиот организам во нездрава животна средина. Тие се таложат и длабоко продираат во органите и предизвикуваат низа болести. Вака објаснува д-р Лазо Манев, специјалист радиолог кој при дијагностика открива различни аномалии, а еден од факторите и загадената средина.

Во Струмица и регионот расте бројот на пациенти со белодробни заболувања и повеќе видови канцер. Тие се резултат и вдишувањето на штетни честички кои ги има во загадениот воздух.

Неодамна во Струмица имаше протест за чист воздух. Дел од активистите беа и лекари кои предупредија со бројки за заболените од канцер.

Струмица последниве години е на врвот во земјава по аерозагаденост за што граѓаните постојано реагираат и бараат контроли и казни на загадувачите.

Ване Трајков