ЕКОНОМИЈА

Ристески: Минималната плата мора на преговарачка маса

01.02.2026 15:09

Министерството за економија и труд бара синдикатот и работодавците да седнат на преговарачка маса, а не на улица, за минималната плата. Ова министерство во оперативниот план за вработување најавува повеќе пари за атрактивни дејности, повисоки казни за трговците и претставување на законот за работно ангажирање пред македонските работодавци.

Синдикатот и работодавците да седнат на преговарачка маса и да се договорат за минималната плата. Она што ќе го договорат, Владата ќе го прифати, вели заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески. Дотогаш, важи постојната формула од трипартитниот договор од 2022-ра година.

Според Ристески оперативниот план за вработување, главно млади лица даде одлични резултати, а годинава стартува порано, од март. Повеќе пари се насочуваат во атрактивните дејности

Со владините мерки младинскиот додаток од 3.000 се зголемува на 5.000 денари.

Елизабета Митреска