Воен конфликт
Русија и Украина на директни преговори во Абу Даби
01.02.2026 11:18
Преговорите зад затворени врати меѓу Москва и Киев беа обновени пред една недела по долга пауза, со посредство на САД.

Русија и Украина денеска одржуваат нови директни мировни преговори во Абу Даби, без посредство на САД, но договор сè уште не е на повидок.
Преговорите зад затворени врати меѓу Москва и Киев беа обновени пред една недела по долга пауза, со посредство на САД.
Територијалните прашања остануваат главна точка на несогласување. Русија бара Украина да се повлече од делови на источниот регион Донбас, особено од областите околу Доњецк и Луганск, кои сè уште се под украинска контрола.
Зеленски во повеќе наврати категорично ја отфрли можноста за територијални отстапки.
