ИТАЛИЈА

Нереди во Торино по протестот против затворање на левичарски културен центар

01.02.2026 20:12

Во судирот меѓу полицијата и демонстрантите, од кои дел биле маскирани, биле повредени 11 чувари на редот, уапсени се десет лица.

Големи нереди избија синоќа за време на протестите против затворањето на левичарски културен центар во Торино, на северот на Италија.

Полицијата одговори со солзавец и водени топови. Во судирот меѓу полицијата и демонстрантите, од кои дел биле маскирани, биле повредени 11 чувари на редот, уапсени се десет лица.

Според официјалните податоци, околу 20.000 луѓе учествувале на протестот, меѓу нив имало и членови на пропалестински групи.