Трета европска титула за Данска
Ова е трета европска титула за Данците, кои со овој успех го повторија подвигот на Франција – истовремено да бидат европски, светски и олимписки прваци. Трофејот беше прославен пред полна сала во Хернинг.

Данска е нов европски ракометен шампион откако во финалето ја совлада Германија со 34:27. Ова е трета европска титула за Данците, кои со овој успех го повторија подвигот на Франција – истовремено да бидат европски, светски и олимписки прваци. Трофејот беше прославен пред полна сала во Хернинг.
Натпреварот беше израмнет во првото полувреме (18:16), но Данска во продолжението презеде контрола и со серија од 5-0 го реши финалето. Најефикасен беше Симон Питлик со 8 голови, а Гидсел и Хансен додадоа по 7.
Во мечот за третото место, Хрватска го совлада Исланд со 34:33.
