Алкараз нов шампион на Австралија опен
01.02.2026 14:18
Алкараз ја освои првата титула на Австралија опен и стана најмладиот тенисер во Отворената ера што ги има освоено сите четири Гренд слем турнири.

Новак Ѓоковиќ не успеа да стигне до рекордната 25-та Гренд слем титула, откако во финалето на Австралија опен загуби од Карлос Алкараз со 6:2, 2:6, 3:6, 5:7.
Ова беше прв пораз за српскиот тенисер во финале во Мелбурн, негово 11-то на овој турнир.
Алкараз ја освои првата титула на Австралија опен и стана најмладиот тенисер во Отворената ера што ги има освоено сите четири Гренд слем турнири.
За 22-годишниот Шпанец ова е седма Гренд слем титула во кариерата, по меч што траеше три часа и две минути.
