Кривичен Суд
Одложено рочиштето за сообраќајката во Илинден
02.02.2026 09:31
На обвинетиот Сашко Јанчев, пратеник во Собранието од Левица ќе му се суди за кривично дело, убиство во сообраќај од небрежност, за кое законот предвидува казна затвор од една до пет години...

Во скопскиот Кривичен суд за денеска беше закажано стартот на судењето за смртта на 16-годишниот Матеј Димовски. Од Кривичен соопштија дека се одлага по барање на одбраната, а ќе се одлучи кога ќе почне првото рочиште. На обвинетиот Сашко Јанчев, пратеник во Собранието од Левица ќе му се суди за кривично дело, убиство во сообраќај од небрежност, за кое законот предвидува казна затвор од една до пет години.
Сообраќајната несреќа се случи на 14-ти септември, по полноќ, на една од најосветлените улици во Општина Илинден.
