МВР

Околу 500 прекршоци евидентирани од „Безбеден град“

02.02.2026 09:59

Системот регистрира поминување на црвено, поголема брзина од дозволената, истечена возачка и погрешно паркирање...

Околу 500 прекршоци регистрирал „Безбеден град“ вчера, граѓаните во огромен број ги почитуваат сообраќајните правила, информираше синоќа министерот за внатрешни работи Панче Тошковски од компјутерскиот центар.

Системот регистрира поминување на црвено, поголема брзина од дозволената, истечена возачка и погрешно паркирање. Целта не е граѓаните да се казнуваат, туку да се зголеми безбедноста во сообраќајот, велат од МВР.