Продолжува опасната реторика меѓу САД и Иран
Шефот на Белата Куќа со денови се заканува со воен удар врз Исламската Република поради задушувањето на неодамнешните протести и илјадниците жртви. Воедно, Трамп бара Иран да преговара за нуклеарната програма.

Врховниот лидер на Иран вчера предупреди дека секој напад од страна на САД би предизвикал регионална војна на Блискиот Исток, дополнително ескалирајќи ги тензиите. Запрашан за предупредувањето, претседателот Трамп рече дека САД ги имаат таму најголемите и најмоќните бродови во светот упатени кон регионот, но се надева дека ќе постигне договор со Техеран.
„Зошто не би го рекол тоа? Секако дека би можеле да го кажете тоа, но таму ги имаме најголемите, најмоќните бродови во светот, многу блиску, неколку дена, и се надеваме дека ќе постигнеме договор. Ако не постигнеме договор, тогаш ќе откриеме дали бил во право или не“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.