Украина

Трилатерален состанок меѓу Украина, САД и Русија

02.02.2026 19:21

Украинскиот претседател потврди дека трилатералните разговори меѓу Украина, САД и Русија ќе се одржат во среда и четврток во Обединетите Арапски Емирати...

Украинскиот претседател потврди дека трилатералните разговори меѓу Украина, САД и Русија ќе се одржат во среда и четврток во Обединетите Арапски Емирати. Зеленски истакна дека очекува американската страна да биде подеднакво активна, особено во мерките за деескалација – односно намалување на нападите. И натаму остануваат нерешени територијалните прашања.

Русија категорично ја отфрла можноста за распоредување трупи на ЕУ или НАТО на украинска територија како дел од безбедносните гаранции за Киев.

„Веќе постои договор за состанок – трилатерален состанок – на соодветно ниво. овој состанок ќе се одржи следната недела, како што е планирано, во среда и четврток во емиратите, како и изминатиот пат. во понеделник навечер, тимот ќе биде на пат кон преговорите“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Коментирајќи го рускиот напад врз автобус со рудари во Днепар во кој загинаа 15 лица, Зеленски рече дека нападот уште еднаш покажува дека Москва е одговорна за ескалацијата и злото мора да престане.