МВР
Приведен крадец од тетовско за издржување на едногодишна затворска казна
02.02.2026 14:23
Вчера во 14:05 часот во село Горно Седларце, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Камењане го привеле Е.Н.(33) од истото село...

Вчера во 14:05 часот во село Горно Седларце, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Камењане го привеле Е.Н.(33) од истото село, информираат од МВР.
Тој бил баран по наредба од Основен суд Тетово за издржување на затворска казна во времетраење од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.
Тој бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување казната, стои во соопштението.
