Македонија

Почна пријавувањето штети од поплавите во Општина Струмица

02.02.2026 17:37

Почна пријавувањето на штети од поплавите во Општина Струмица. Поплавените треба да приложат документ за сопственост на поплавените домови и ниви. Поплавените од Муртино се надеваат на обештетување од државата но дел немаат имотни листови оти работат ниви под закуп...

Од денеска оштетените од минатонеделните поплави може да ги пријават штетите во Општина Струмица, по што Комисијата за проценка на штети ќе излезе на терен. Жителите кои имаат штети, мора да приложат документ за сопственост на објектот или површината што е поплавена, велат од Комисијата.

Жителите на Муртино кои беа најпогодени од поплавите, знаат дека почна пријавувањето на штетите. Тврдат дека имале штети, но дел од нив работеле ниви под закуп и немале имотни листови.

По проценката на терен ќе биде изготвен Елаборат кој треба да биде усвоен од Советот на Општина Струмица, а потоа ќе се чека обештетување од државата.

Ване Трајков