Култура
„Дон Џовани“ на Моцарт повторно на сцената на Националната опера и балет
02.02.2026 20:22
Едно од најзначајните оперски дела во историјата, „Дон Џовани“ од Волфганг Амадеус Моцарт, по подолга пауза повторно ќе биде изведено на сцената на Македонската опера и балет.
Операта „Дон Џовани“ од Волфганг Амадеус Моцарт, која се смета за едно од делата што го дефинираат самиот поим опера, ќе биде изведена на големата сцена на Македонската опера и балет на 7 февруари 2026 година, со почеток во 19:30 часот.
Делото е познато по својата драматичност и длабока човечка тематика, обработувајќи ги прашањата за изборот, моќта и последиците, и важи за една од највпечатливите музички класики на сите времиња.
