МВР

Лишен од слобода полициски службеник од Делчево, возел без возачка дозвола, возилото е одземено

02.02.2026 11:54

Утрово во 06:45 часот на бул. „Македонија“ во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода С.Д.(23) од с. Тработивиште, делчевско...

Утрово во 06:45 часот на бул. „Македонија“ во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода С.Д.(23) од с. Тработивиште, делчевско.

При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „фолксваген голф“ со делчевски регистарски ознаки, кое го управувал, при што е констатирано дека го управувал возилото без претходно да се стекне со право на управување возило, односно без возачка дозвола.

Запознаен е јавен обвинител, по чија насока возилото е одземено, а лицето е лишено од слобода. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од МВР.