Европа - Нато
Нема поделби во НАТО, уверува шефицата за надворешна политика на ЕУ
02.02.2026 20:48
Каја Калас, негира дека постои раскол меѓу членките на НАТО. Според неа, во моментов блокот работи да стане понезависен и да инвестира повеќе во сопствената одбрана.

Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, негира дека постои раскол меѓу членките на НАТО. Според неа, во моментов блокот работи да стане понезависен и да инвестира повеќе во сопствената одбрана.
Калас потенцира дека кога станува збор за безбедноста, постојат слабости, но заедно со североатланската алијанса државите од унијата работат рака-под рака.
