високо образование

Законот за високо образование поставен на ЕНЕР

02.02.2026 18:35

Законот за високо образование поставен на ЕНЕР на увид на јавноста и цел месец расправа по него. Во последниот извештај на ЕК за напредокот на земјава беше нотирано дека главен предизвик во високото образование е подобрување на квалитетот преку развој на акредитацијата и квалитетот...

Законот за високо образование поставен на ЕНЕР на увид на јавноста и цел месец расправа по него. Законското решение кое според универзитетскиот професор Малчески инаку член на Националното координативно тело, дури е задоцнето особено што универзитетите ни се на дното на ранг-листите, и не испорачуваат кадри согласно потребите на пазарот на трудот.

Во последниот извештај на ЕК за напредокот на земјава беше нотирано дека главен предизвик во високото образование е подобрување на квалитетот преку развој на акредитацијата и квалитетот.

„Северна Македонија е членка на Европскиот простор за високо образование (Болоњски процес) и треба да работи на целосно спроведување на клучните обврски според извештајот за спроведување на Болоњскиот процес од 2024 година, особено во однос на автоматското признавање и обезбедувањето квалитет“, стои во извештајот.

Обезбедување квалитетно високо образование е едно од барањата и на студентите.

Се очекува најмногу да се дебатира за академските звања, па и за ха индексот. Малчески смета дека сите оние што моментално се избрани во звања им е даден доволен период да се прилагодат на новите звања. Националното координативно тело и министерката ќе одржат јавна расправа на сите државни универзитети.

 

Фиљана Кока