Безбедност во сообраќајот

На самиот старт „Безбеден град“ регистрирал над 500 сообраќајни прекршоци

02.02.2026 18:57

На самиот старт „Безбеден град“ регистрирал над 500 сообраќајни прекршоци. Од МВР велат дека бројот на прекршоци и казни е намален од 120.000 на само 500 за два месеци, со што намален и е бројот на повредени и загинати во сообраќајни незгоди...

Почетокот на функционирањето на системот „Безбеден град“ е целосно успешен, а бројот на прекршоци и казни е драстично намален, информираат од Министерството за внатрешни работи. Од таму велат дека бројот на прекршоци и казни е намален од 120.000 на само 500 за два месеци, со што намален и е бројот на повредени и загинати во сообраќајни незгоди.

Во рамки на Градот Скопје, бројот на повредени лица е намален за околу 35%, а бројот на смртни случаи паднал од 11 на 4. Овие резултати ги постигнавме благодарение и на совесноста на граѓаните, истакна ресорниот министер Панче Тошковски.

И граѓаните задоволни од имплементацијата на проектот. Велат, време беше да се преземе нешто, за да се стави крај на сообраќајното дивеење, кое резултира со човечки жртви.

Во првата фаза, системот детектира четири сообраќајни прекршоци, минување на црвено светло, управување со нерегистрирано возило, возење со брзина над дозволената и непрописно паркирање. Системот во моментов функционира во Скопје, Тетово и Куманово и на Коридорите 8 и 10, а во текот на годината, се очекува да се прошири на целата територија на Македонија.

Марија Котовска